Ново македонско вино PSALM 104, Sweet Valentine Limited Edition, од винаријата Св. Леонтиј!
Мал гест за вистинско уживање во магијата на моментот.
Што би избрале?
Скриен „Fado“ клуб во Лисабон или тераса со поглед на Босфор?
Некои љубовни приказни се испишуваат во ехото на галериите и во раздвижените плоштади.
Љубов, вино, метропола!
Пронајди го својот ритам во тишината.
Од драматичните алпски погледи до тиркизните езера на Доломитите.
Овде времето застанува.
Планински колиби или автентични куќи, тука приватноста е вистинска привилегија.
Љубов, вино, природа!
Откриј ги живописните полиња со лалиња во Холандија или опојниот мирис на лаванда во Прованса.
Постојат дестинации што не се исцртани на мапа.
Љубов, вино, доживување!
Патувај автентично, вкуси локално!
Од кулинарските престолнини Лион и Сан Себастијан, до „farm-to-table“ концепти во срцето на Италија и Балканот.
Поврзете се со душата на локалната култура.
Нов вкус. Ново патување!
Од интимни заливи во медитерански карпи до тропски лагуни, откриваме крајбрежни засолништа што го поставуваат ритамот на денот.
Искуси автентично!
Хајк до драматичен врв, велосипедизам по планински патеки или мото-авантура низ непознати агли.
Инспирирај се!
Да се патува бавно значи да се живее подлабоко.
Заборавени рецепти, мали ритуали и неочекувани средби. Откријте го местото онака како што навистина живее.
Патувај паметно!
1. Balkanea Premium Gift
Како дел од промотивната кампања, секоја квалификувана резервација направена во месец Февруари на страната на balkanea.com или телефонски во агенцијата, добива подарок – флаша ново македонско вино PSALM 104, Sweet Valentine Limited Edition, од винаријата Св. Леонтиј.
2. Кој има право на подарок
Право на промотивниот подарок во месец февруари имаат клиенти кои ги исполнуваат следните услови:
Резервацијата е направена преку платформата Balkanea.com или преку директна комуникација со Balkanea;
Резервацијата е целосно потврдена и платена;
Доколку резервацијата вклучува рок за бесплатно откажување, клиентот се квалификува за подарокот по истекот на рокот за бесплатно откажување и по извршената наплата на резервацијата.
Резервацијата е направена во периодот на важност на промотивната кампања.
3. Начин на добивање на подарокот
Подарокот може да се добие на еден од следните начини:
Лично подигнување на договорена локација со Balkanea;
Испраќање по пошта на адреса доставена од клиентот;
Трошоците за достава се на товар на Balkanea.
4. Потребни податоци од клиентот
Доколку клиентот избере испраќање по пошта, потребно е да достави:
Точна адреса за достава;
Контакт телефон.
Овие податоци се користат исклучиво за реализација на подарокот.
5. Потврда за прием
При подигнување или достава на подарокот, клиентот може да биде замолен да потпише кратка изјава за прием на промотивен подарок, за евиденциски и законски цели.
6. Ограничувања и напомени
Kампањата важи од 01.02.2026 до 28.02.2026, или до исцрпување на количините;
Подарокот не може да се замени за пари или друг производ;
Подарокот е еден по резервација;
Количините се ограничени и важат до исцрпување;
Balkanea го задржува правото на измена или прекин на кампањата во случај на оправдани причини.
Заштита на лични податоци: Сите лични податоци се обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци и се користат исклучиво за спроведување на промотивната активност.
Пронајди ја твојата сакана дестинација, или идеално сместување, или контактирај нѐ на 070 383 767 за поширок избор на сместување + летови + трансфери.
Balkanea – Планирај лесно. Патувај паметно. Искуси автентично. Биди дел од нашите откритија.
Остави барање и ќе ти подготвиме персонализирана понуда ✈️
Пополнете го формуларот и нашиот тим ќе ви подготви персонализирана понуда за Минхен 🍺🏨
Вашето барање е успешно испратено. Нашиот тим ќе ги провери најдобрите достапни опции за лет и хотел во Минхен и ќе ве контактира со персонализирана понуда во најкраток можен рок.
Остави барање и ќе ти подготвиме персонализирана понуда ✈️