Големи авантури за мали и големи

Забавни паркови и незаборавни доживувања за целото семејство

Кога најубавите спомени започнуваат со „Ајде уште еднаш!“
Европа има неверојатни забавни паркови – од магични замоци и бајковити шуми, до LEGO светови, филмски херои и roller coasters за најхрабрите во семејството.
А најубавото? Не избирате само парк. Избирате семејно патување – со летови, хотел, трансфери и предлози за истражување на околината.

Кој парк е создаден за вашето семејство?

🏰 Disneyland Paris – Франција

За првата голема семејна авантура.

Disneyland Paris е комбинација од ликови што децата веќе ги сакаат, тематски атракции, паради, спектакли и цели светови создадени да изгледаат како да сте влегле во филм.

За најмладите, магијата и ликовите се главниот дел од искуството, додека постарите деца и тинејџерите ќе најдат и по-адреналински атракции.

Disneyland Paris 5 ⭐ За целата фамилија

Возраст: најдобро за 3–12 години, но има по нешто за сите возрасти

Време: 2 дена се идеални за да ги доживеете двата парка без брзање

Најдобро за: прва посета, Disney фанови и семејства кои сакаат спектакл

Бонус: лесно се комбинира со Париз за целосно семејно city break патување.

Ви се допаѓа идејата? Контактирајте нè за персонализирана понуда.

🧱 LEGOLAND – Данска, Германија и Италија

За сите што мислат дека LEGO е само за деца.

Во Европа можете да изберете помеѓу три различни LEGO искуства – оригиналниот LEGOLAND Billund во Данска, големиот LEGOLAND Deutschland во Günzburg, Германија, и LEGOLAND Water Park во Gardaland Resort, Италија.

Во Billund, родното место на LEGO, ве очекуваат тематски светови, Miniland, интерактивни атракции и roller coasters. Во Günzburg има десетици атракции и тематски зони за различни возрасти, додека во Gardaland LEGO искуството се претвора во водена авантура со тобогани, базени и игра на вода.

LEGOLAND За LEGO фанови, мали и големи

Возраст: најмногу содржини за деца од 3 до 12 години, но забавата е за целото семејство

Време: 1 ден е доволен за главните атракции; за Billund и Deutschland 2 дена овозможуваат многу порелаксирана посета

Најдобро за: семејства, LEGO фанови и сите што сакаат заедно да играат, истражуваат и да се вратат малку во детството

🇩🇰 Billund: LEGO + LEGO House + семејна авантура во родното место на LEGO
🇩🇪 Günzburg: LEGOLAND + Германија, со можност за комбинација со Улм или Минхен
🇮🇹 Gardaland: LEGO Water Park + Gardaland + Lago di Garda

Три земји. Три различни искуства. Една заедничка работа – LEGO е позабавно кога го доживувате заедно.

Изберете го LEGO светот што најмногу ќе му се допадне на вашето семејство – за останатото се грижиме ние. Контактирајте нè за персонализирана понуда.

🎢 Europa-Park – Rust, Германија

Еден парк, а чувство како да сте патувале низ цела Европа.

Во Europa-Park можете да поминете од Италија до Франција, од Грција до Скандинавија – без да го напуштите паркот.

Има мирни семејни атракции за најмалите, спектакуларни тематски возења и сериозни roller coasters за тинејџерите и родителите.

Europa-Park Семејства со различни возрасти

Возраст: од најмали деца до тинејџери и возрасни – одличен избор за семејства со деца на различни возрасти

Време: 1 ден е можен, но 2 дена се подобар избор за да го доживеете паркот без брзање

💦 Бонус: веднаш до Europa-Park се наоѓа Rulantica, голем тематски воден свет во Rust. Така можете да додадете уште еден ден со тобогани, базени и водени атракции и да направите цело 2–3 дневно семејно патување. Бидејќи сте во пограничниот регион на Германија, Франција и Швајцарија, патувањето може да се продолжи и комбинира со Фрајбург, Стразбур или Колмар, зависно од тоа колку денови имате.

Претворете го Europa-Park во незаборавно 2–3 дневно семејно патување низ Германија. Контактирајте нè за персонализирана понуда.

🧚 Efteling – Холандија

Како да влезете директно во бајка.

Efteling не се обидува да биде уште еден Disney.

Неговата сила е во атмосферата – бајки, волшебни шуми, фантастични светови, приказни и атракции кои ги тераат децата да гледаат наоколу исто толку колку што се возат.

Има и посериозни roller coasters за поголемите, па родителите и постарите деца нема да останат без возбуда.

Efteling 5 ⭐ За целата фамилија

Возраст: идеално за 3–10 години, но интересен и за постари деца

Време: 1 ден е доволен; 2 дена ако сакате поспоро темпо

Најдобро за: семејства кои сакаат фантазија, приказни и атмосфера

Бонус: одлично се комбинира со Амстердам или со кратко патување низ Холандија.

Дозволете следната семејна приказна да започне во светот на бајките. Контактирајте нè за персонализирана понуда.

🌴 PortAventura World – Шпанија

Зошто да изберете помеѓу забавен парк и летен одмор?

PortAventura е решението на оваа дилема. Тематски парк, Ferrari Land, воден парк и Costa Dorada – сето тоа во едно патување.

Од roller coasters до водени атракции и плажа – активен одмор за целото семејство.

PortAventura World Семејно патување + одмор покрај море

Возраст: од околу 4 години до тинејџерски години

Време: 1 ден за главниот парк; 2–3 дена ако сакате Ferrari Land и воден парк

Најдобро за: семејства кои сакаат комбинација од забава и море

Бонус: може да се комбинира со Барселона.

Спојте забава, море и колку сакате безгрижни семејни денови во Шпанија. Контактирајте нè за персонализирана понуда.

🐉 Gardaland – Италија

Забавен парк со италијански одмор во продолжение.

Gardaland е прекрасен додаток на семејното патување низ Lago di Garda и северна Италија – ден исполнет со забава, во комбинација со езерски глетки, италијански градови и dolce vita.

Покрај атракциите и тематските светови, тука сте на само чекор од Lago di Garda – со прекрасни мали градови, езерски прошетки и италијанска храна.

Gardaland Семејства со различни возрасти

Возраст: најдобро за 4–12 години, со атракции и за поголеми

Време: 1 ден е доволен за паркот

Најдобро за: семејства кои сакаат парк + езеро + италијански одмор

Бонус: совршено се комбинира со Sirmione, Verona, Милано, Венеција и другите места околу езерото.

Додадете ден исполнет со авантури на вашето патување покрај Lago di Garda. Контактирајте нè за персонализирана понуда.

🛡️ Parc Astérix – Франција

За семејства кои сакаат многу акција и малку повеќе лудории.

Астерикс и Обеликс се само почетокот.

Паркот комбинира тематски светови инспирирани од галските приказни, водени атракции, roller coasters и семејни возења – со многу хумор по пат.

Parc Astérix За семејства кои сакаат малку повеќе лудории

Возраст: најдобро од 5 години па нагоре

Време: 1 ден е доволен

Најдобро за: семејства со деца кои сакаат акција и атракции

Бонус: се наоѓа во близина на Париз и лесно се комбинира со градско патување.

Истражете го Париз, а еден ден оставете за авантура со Астерикс и Обеликс. Контактирајте нè за персонализирана понуда.

🦸 Parque Warner Madrid – Шпанија

Кога омилените филмски ликови стануваат дел од вашето патување.

Warner ликови, тематски светови, roller coasters и атракции за различни возрасти – од помали деца до тинејџери.

А најдобриот дел е што не мора целото патување да се врти околу паркот.

Parque Warner Madrid 5 ⭐ За целата фамилија

Возраст: од околу 4 години до тинејџерски години

Време: 1 ден е доволен

Најдобро за: семејства кои сакаат филмови, суперхерои и акција

Бонус: комбинирајте го со неколку дена во Мадрид.

Ви се допаѓа идејата? Контактирајте нè за персонализирана понуда.

⚡ Phantasialand – Германија

За семејства во кои „ајде на уште едно возење!“ се кажува барем десет пати дневно.

Phantasialand е покомпактен од Europa-Park, но е полн со тематски светови, спектакуларни атракции и roller coasters.

За помалите има семејни и тематски возења, додека тинејџерите и возрасните ќе ги бараат највозбудливите атракции.

Phantasialand За семејства со поголеми деца и тинејџери

Возраст: најдобро од 6 години па нагоре, особено интересен за тинејџери

Време: 1 ден е доволен

Најдобро за: семејства со поголеми деца и љубители на адреналин

Бонус: може да се комбинира со Келн или Бон.

Сакате повеќе адреналин за вашето семејно патување? Побарајте понуда од нас.


Не избирате само забавен парк.

Избирате како сакате да го паметите семејното патување.

Дали ќе биде првата средба со Mickey?
Првата LEGO авантура?
Првиот голем roller coaster?
Ден во бајковита шума?
Или летен одмор со парк и море?


Вашето семејство. Вашата авантура. Вашето патување.

Кажете ни колку години имаат децата, што сакаат и колку денови имате.
Ние ќе го пронајдеме паркот што најмногу одговара на вашето семејство – и ќе го претвориме во цело патување.

Летови. Хотел. Билети. Трансфери. Идеи за остатокот од патувањето.

Побарајте понуда